Tuesday, July 31, 2012

„Шехерезад“ се враќа на телевиските екрани заедно со "Езел"

Турската актерка Берѓузар Корел, која се прослава со улогата на Шехерезада во популарната телевизиска серија „1001 ноќ“ се враќа на малите екрани со нова серија во која партнер ќе и биде Кенан Имирзалиоглу, познат по улогата на Езел од истоимениот серијал.


По венчавката со актерот Халит Ерген, кој и беше партнер во „1001 ноќ“, а сега настапува во улогата на султанот Сулејман во серијата „Величенствениот“, Корел извесно време се повлече од телевиските екрани, за кој период го роди синот Али.

Во новата серија, чиј продуцент е компанијата „Ај Јапим“, Корел ќе заработува по 35.000 турски лири (16.000 евра) од епизода.

No comments:

Post a Comment